22-годишна жена пријавила во полиција дека била следена од едно лице, кое потоа ја допирало по телото на подрачјето на Карпош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 18 октомври, околу 00:30 часот, а случајот бил пријавен следниот ден во СВР Скопје.
„На 19.10.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријави дека на 18.10.2026 околу 00:30 часот на подрачјето на Карпош, едно лице ја следело, а потоа ја допирало во телото“, информираат од МВР.
Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.






