домаХроникаВозач на „фиат“ прегазил жена во Ѓорче и избегал, оставајќи ја тешко...

Возач на „фиат“ прегазил жена во Ѓорче и избегал, оставајќи ја тешко повредена на асфалтот

- Advertisement -spot_img

48-годишна жена е тешко повредена откако ја удрил автомобил „фиат“ во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти МВР. Возачот потоа избегал од местото, оставајќи ја тешко повредената жена на асфалтот.

„На 05.08.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, патничко возило „фиат“ удрило во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img