домаМакедонијаВо Куманово се одржа собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ

Во Куманово се одржа собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ

- Advertisement -spot_img

Собирот кој започна денеска на пладне е организиран од страна на здружението „Мир, слога и стабилност“. Неколку стотина граѓани носејќи транспаренти на кои пишуваше оти Куманово и Скопје се со Вучиќ, со развиорени српски и македонски знамиња, со српска народна музика во позадина, пладнево излегоа на собир во Куманово од да изразат поддршка на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Организатор на собирот е здружението „Мир, слога, стабилност“, а главната порака која беше испратена е оти не треба да се говори за националистички работу, туку дека како здружение, сакаат да шират љубов, а никако омраза.

На новинарско прашање дали била доставена покана и за вицепремиерот и министер за политички систем Иван Стоилковиќ, претставничката на здружението Милена Величковиќ рече оти таа нема информации дали тоа било случај.

Денеска, во соседна Србија неформалната група „Студенти во блокада“ организира голем собир на белградскиот плоштад „Славија“, на кој своето присуство го најавија академици, активисти и многубројни граѓани од сите делови на Србија. Централниот протест е закажан за периодот од 18 до 20 часот, но нему ќе му претходат масовни собири на четири клучни локации во главниот град, од каде што колоните демонстранти ќе се упатат кон „Славија“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img