10.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ Пробиштип тврди: Кандидатот на СДС физички нападна наш поддржувач по митинг...

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип тврди: Кандидатот на СДС физички нападна наш поддржувач по митинг во населбата Карпош

- Advertisement -spot_img

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип обвини дека нивен поддржувач бил физички нападнат од страна на кандидат за советник на СДС, по завршувањето на мини-митингот што се одржал во понеделникот, на 27 октомври, во населбата Карпош.

„Поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ беше физички нападнат од страна на кандидатот за советник на СДС Пробиштип, Бале Дурмишовски, во присуство на уште еден поддржувач на СДС. Претходно, кандидатот упатил сериозни закани по живот, а потоа следувал и физички напад — само затоа што човекот присуствувал на нашиот мини-митинг“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

Од партијата наведуваат дека инцидентот е пријавен кај надлежните органи и бараат „брза и правична реакција“.

„Во едно демократско и слободно општество вакво насилство е недопустливо. Очигледен е страхот и паниката во редовите на СДС, кои, соочени со сигурен изборен пораз, се подготвени на секакви постапки“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат граѓаните да не подлегнуваат на притисоци и закани и да пријават доколку се соочиле со каков било облик на насилство или уцена во текот на изборната кампања.

„Вашиот глас во недела е само ваша одлука. СДС мора да се соочи со поразот, а насилниците да бидат санкционирани“, порачуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img