домаСпортЧурлинов: Денеска нема репрезентација што не може да се победи, добро е...

Чурлинов: Денеска нема репрезентација што не може да се победи, добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа

- Advertisement -spot_img

Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа денешниот тренинг пред последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите.

Македонија на 13 ноември ќе игра против Шкотска во гости, а пак на 16 ноември во Скопје ќе ја пречекаме Словенија.

Своите очекувања ги сподели повратникот во националниот тим, Дарко Чурлинов, кој смета дека добрата минутажа што репрезентативците ја имаат во своите клубови може да биде значаен фактор во претстојните предизвици.

„Секогаш ми било чест да играм за овој дрес и секогаш ќе давам максимум. Се надеваме на најдоброто. Нормално дека ќе анализираме и ќе се обидеме сето она што тренерот ќе ни го каже да го пренесеме на теренот. Минутажата во клубот е многу битна и таа енергија се пренесува и овде. Добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа, и верувам дека тоа ќе има позитивно влијание на овие два натпревари. Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски. Денеска нема репрезентација што не може да се победи, така што тоа треба да го покажеме на теренот“, порача Чурлинов.

Нашата репрезентација во петок ќе гостува кај Шкотска во Глазгов, додека три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаме Словенија во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img