Само за првите три месеци од оваа година, направен е нов долг од 700 милиони евра, за две години откако Мицкоски е на власт, јавниот долг е зголемен за огромни 2,3 милијарди евра и сега според социјалдемократите изнесува 10 милијарди и 774 милиони евра. Од опозициската партија се децидни во ставот дека во исто време на историско задолжување нема пари за повисоки плати за работниците, владата одбива да ја покачи минимална плата од 600 евра, а нема мерки за поскапувањата.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат – СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, СДСМ ја доведе државата, како што велат во ВМРО-ДПМНЕ на работ на банкрот после целиот криминал од епски размери, и ниту една инвестиција, а ги остави граѓаните со празни џебови.
Освен тоа, на политички план, во ВМРО-тврдат дека СДСМ и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека најдобри другари им се Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, проруски бизнисмени.
Власта и опозицијата се обвинуваат меѓусебно за тоа чија е вината за евроинтегративните процеси и реформите, економијата, за политичките состојби во земјава.








