домаМакедонијаВЛЕН: ДУИ е партија на милионери која нема кредибилитет да зборува во...

ВЛЕН: ДУИ е партија на милионери која нема кредибилитет да зборува во име на Албанците

- Advertisement -spot_img

ВЛЕН со остри критики кон Демократска унија за интеграција и лидерот Али Ахмети, обвинувајќи ја партијата дека „нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“.
Во партиското соопштение, ВЛЕН наведува дека ДУИ е „партија на милионери создадени преку ноќ“, која, според нив, две децении ја користела власта за лични и партиски интереси, додека граѓаните добивале „измами, пропаганда и лажен патриотизам“.


Од ВЛЕН тврдат дека политиките на Али Ахмети создале поделби меѓу Албанците и ја претвориле власта во „семејна и партиска привилегија“. Во реакцијата се посочува дека ДУИ молчела во ситуации кога, како што наведуваат, биле загрозени Албанци, албански бизниси и млади луѓе.


Партијата дополнително ги обвини Ахмети и Бујар Османи дека не можат да се помират со поразот во Чаир и дека се опседнати со Изет Меџити, кого го нарекоа „нивниот најголем политички кошмар“.


Во соопштението, ВЛЕН упати обвинувања и за, како што велат, коруптивно владеење на ДУИ во изминатите 22 години во коалиција со Социјалдемократски сојуз на Македонија и Внатрешна македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство, оценувајќи дека „колку подолго ДУИ остане во опозиција, толку подобро ќе биде за Албанците“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img