Со новото законско решение се создаваат услови за поефикасна, постручна и помотивирана јавнообвинителска служба, како значаен сегмент во функционирањето на јавното обвинителство.
Со Предлог-законот:
• се уредуваат категориите и нивоата на работните места;
• се воспоставуваат јасни правила за вработување и унапредување;
• се зајакнуваат професионалноста и независноста на јавнообвинителската служба;
• се уредуваат платите и надоместоците на јавнообвинителските службеници.
Целта е создавање современа и ефикасна јавнообвинителска служба, која ќе придонесе за поефикасно работење на јавното обвинителство и зајакнување на владеењето на правото.








