Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 18:30 часот
На ден 03.09.2026 година, до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 5 се под контрола, а 14 се изгаснати.
Активни пожари – 5:
Општина Маврово и Ростуше: планина Бистра, м.в. Кириловец (пасиште и ниска вегетација);
Општина Гостивар: с. Горна Бањица (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Јабланица (ниска вегетација);
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани, при што пожарот моментално е активен на територијата на Р. Косово (шума);
Општина Прилеп: на потегот с. Дрен – с. Царевиќ (ниска вегетација).
Пожари под контрола – 5:
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума);
Општина Струга: помеѓу селата Буринец и Локов (нискостеблеста шума);
Општина Градско: с. Ногаевци (ниска вегетација и борови дрвја);
Општина Градско: с. Кочилари (ниска вегетација и борова шума).
Изгаснати пожари – 14:
Општина Зелениково: над с. Палиград – Преслап (мешана шума);
Општина Центар: Градски парк (ниска вегетација и дрвја);
Општина Бутел: ул. „Боца Иванова“ (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Шуто Оризари: Визбегово, позади хотелот „New Star“ (депонија);
Општина Прилеп: позади „Факултетот“ во Прилеп (ѓубре);
Општина Охрид: Депонија Буково (ѓубре);
Општина Струга: кај с. Ложани (ѓубре);
Општина Струга: помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева и стрништа);
Општина Велес: кај базенот за вода над м.в. Поток (ѓубре од дива депонија);
Општина Липково: с. Отља (ѓубре);
Општина Ранковце: с. Петралица (нискостеблеста дабова шума);
Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација и грмушки);
Општина Желино: с. Стримница (ниска вегетација);
Општина Маврово и Ростуше: м.в. Голем Брдаш (шума).






