домаМакедонијаВИДЕО | Проданоски: Пивофест не е трошок, туку инвестиција во туризмот и...

ВИДЕО | Проданоски: Пивофест не е трошок, туку инвестиција во туризмот и локалната економија

- Advertisement -spot_img

Пратеникот Дејан Проданоски преку видео-обраќање испрати порака за поголема грижа кон Прилеп и повика на заедничка одговорност за развојот на градот, нагласувајќи дека секој граѓанин има улога во неговото уредување и напредок.

„Прилеп е наш заеднички дом и ако самите не си го почитуваме и чуваме градот, никој друг нема да го направи тоа за нас“, порача Проданоски.

Тој се осврна и на значењето на локалните манифестации, истакнувајќи дека настани како „Фестивалот на пивото“ не се само забава, туку и важен двигател на локалната економија.

Според него, целта на ваквите настани е да привлечат што поголем број туристи, да ја раздвижат економската активност и да им овозможат на локалните бизниси поголем промет.

„Инвестирањето во манифестации како ‘Фестивалот на пивото’ е важно за локалната економија. Наша цел е да донесеме туристи, да го раздвижиме бизнисот и луѓето да пазарат тука. Тоа се пари кои се враќаат во градот и го развиваат стопанството, а воедно нудиме и забава за сите“, истакна Проданоски.

На крајот од своето обраќање тој упати повик до граѓаните да се насочат кон конструктивност и заедничка работа во интерес на градот.

„Наместо да критикуваме секојдневно, ајде да се фокусираме на решенија и напредок за Прилеп“, порача Проданоски.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img