домаМакедонијаЈО за отворање случај за Алта банка: Оформуваме предмети врз основа на...

ЈО за отворање случај за Алта банка: Оформуваме предмети врз основа на докази, а не на барање на политички партии

- Advertisement -spot_img

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, а не врз основа на барање на политички партии, велат од Јавното обвинителство како коментар на новинарските прашања за обвинувањата на опозицијата за Алта банка.

Денес премиерот Мицкоски најави дека до крај на месецот се очекува аукција за отуѓување на акциите на Алта банка, односно промена на сопствеништвото.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека истекол тридневниот рок во кој требало да биде известен регулаторот во Србија, а во тек е десетдневниот рок во кој треба да се даде согласност Народната банка преку аукција да ги отуѓи акциите.

Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи, по што се очекува да биде закажана аукцијата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img