домаМакедонијаЃорѓиевски: Одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар

Ѓорѓиевски: Одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници од градската администрација, денеска одржаа состанок со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво.

– Како градоначалник на Скопје, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за чесно и одговорно управување со јавните средства. Довербата на граѓаните се заслужува со работа, со јасни постапки и со подготвеност да се даде отчет за секоја донесена одлука. Граѓаните имаат право да знаат како се планираат и каде се трошат нивните пари – рече Ѓорѓиевски

На состанокот се разговараше за поголема одговорност на службите и на градоначалниците, како и за активно вклучување на невладиниот сектор во подготовката на финансиските планови и буџетите.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје посветено работи на создавање дигитални алатки како еден од најсилните механизми за спречување на корупцијата.- Со поедноставни процедури, подостапни информации и можност за следење на постапките, создаваме услови за потранспарентна и поодговорна администрација. Јавните средства се доверба што мора да ја оправдаме. Секој ден, со секоја одлука и со секое дело – рече Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img