домаРегионПаника на луксузен брод - непознат глас ги кажа овие зборови, а...

Паника на луксузен брод – непознат глас ги кажа овие зборови, а потоа настана хаос

- Advertisement -spot_img

Крузерот „Crown Iris“, кој требаше да исплови од грчкото пристаниште на островот Сирос кон израелското пристаниште Хаифа, беше евакуиран во вторникот по дојавата за можна поставена експлозивна направа на трупот на бродот, додека истрагата е во тек, пренесува грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Евакуацијата на патниците започна нешто по 19 часот по локално време, а тие ќе бидат сместени во простории што ги обезбеди општина Сирос и Ермуполи, каде што ќе останат до завршувањето на безбедносните проверки, пренесе синоќа грчкиот јавен сервис ЕРТ.

На бродот, кој пловеше под панамско знаме, се наоѓаа 940 патници и 597 членови на екипажот, односно вкупно 1.537 лица. Според достапните информации, непознато лице преку поморската радио-врска ВХФ го известило крузерот дека на неговиот подводен дел се наоѓа експлозивна направа.

Капетанот на бродот веднаш ги известил пристанишните власти на Сирос. Припадниците на крајбрежната стража, со помош на куче обучено за откривање експлозив и приватен ронец, го прегледале бродот, додека на лице место била испратена и специјална единица на крајбрежната стража.

Со првичниот преглед не е пронајдена експлозивна направа, а се очекува експертите од крајбрежната стража да извршат дополнителни проверки пред крузерот да го продолжи патувањето. Дојавата за бомба на бродот уследи истиот ден кога најмалку седум авиони во Европа добија закани со бомба, што предизвика нарушувања во авиосообраќајот, иако експлозивни направи не беа пронајдени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img