домаМакедонијаВакцина против мали сипаници во Македонија имаат примено само 62 отсто од...

Вакцина против мали сипаници во Македонија имаат примено само 62 отсто од децата

- Advertisement -spot_img

Вакцината за мали сипаници е задолжителна со вакциналниот календар во Македонија, па здравствените власти повикаа родителите да ги вакцинираат децата.

– Сакам да упатам апел до сите граѓани на Македонија, да поревносно пристапат кон вакцинација од морбили. Опфатот на вакцинација е релативно низок – 62 отсто, од Институтот за јавно здравје го кажуваат тоа. Ова го кажувам, затоа што во моментот расте бројот на случаи од морбили во Косово и во Бугарија – рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски на прес-конференција.

Според него, опфатот на вакцинација против морбили е 62 отсто, а целта е да се стигне до 95 отсто.

Штом наполнат 12 месеци, сите деца треба да примат прва доза од вакцината против мали сипаници, заразни заушки и рубеола (МРП вакцина).

Без оваа вакцина детето е во ризик и може да се разболи од овие сериозни болести.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img