Ниту една револуција, ова во Албанија јас го гледам како револуција, израз на незадоволство, не може да настане спонтано, мора да има водач, човек кој едноставно ќе ги даде насоките и оној кој ќе ги бара правата, рече Злате Димовски, универзитетски професор во вечерашната Топ Тема
Насилството се раѓа во толпа, каде има провокатори и не знам зошто не се оди прво институционално за да се постигнат целите, иако Албанија дојде до затворање на одредени поглавја и низа на работи се решија која ја даваат насоката дека се подготвуваат активно да влезат во ЕУ и одеднаш има незадоволство кон Рама затоа што зад тие „розови очила“ корупцијата надвладеала и тие неможности да се живее и се јавила таа револуција. Тоа е еден тип на настап на одредени групи кои што се препознаваат по целите кои сакаат да ги постигнат, меѓутоа се омасовуваат многу брзо затоа што настапуваат со доста примамливи цели – дека ќе го срушат Рама, Вучиќ, Макрон, но сето тоа се политички игри. Гледано од безбедносен аспект во сето ова гледаме една хибридна војна, односно хибридни настапи каде што низа на елементи се присутни да ги препознаеме и да побараме безбедносните сили соодветно да почнат на работат. Факт дека сите безбедносни служби ова требало да го следат, истакна Димовски.






