домаМакедонијаУтре без струја делови од Скопје, Тетово, Гостивар и повеќе населени места

Утре без струја делови од Скопје, Тетово, Гостивар и повеќе населени места

- Advertisement -spot_img

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре, 26 август, без електрична енергија во одредени периоди ќе останат корисници во повеќе населени места во земјава.

Во Скопје, од 8:00 до 10:30 часот прекин во снабдувањето ќе има во селата Летевци и Брезница, како и во реонот на тунелот Катланово.

Од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Козара“ бр. 27А во општина Центар.

Во Ѓорче Петров, од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Апостол Петков“. Прекинот е најавен поради дислокација на нисконапонски кабелски воздушен вод.

Прекини се најавени и во Тетово. Од 8:00 до 14:00 часот без напојување ќе остане дел од населбата Деребој, во реонот на индустриските објекти и на патот кон Фалише. Меѓу опфатените се објектите кај Млин Фалише, Аљбмил, АТА, Сепарација Фалише МБГ, АК Инвест, Адили, Нијази и Шампион.

Од 9:00 до 14:00 часот прекин е предвиден и за потрошувачите во Тетово во правец кон патот за Скопје, како и за дел од корисниците во реонот на улицата „М. Ацев“.

Во Боговиње, поради изведување нов приклучок, прекин во снабдувањето со електрична енергија е планиран од 9:00 до 14:00 часот.

Во Липково, дел од селото ќе остане без електрична енергија од 8:45 до 13:45 часот.

На подрачјето на Гостивар, од 6:00 до 6:45 часот без струја ќе бидат селата Тумчевиште, Чегране, Форино и Корито, како и реонот кај стадионот до ТС Полог.

Дополнително, од 9:00 до 13:00 часот прекин е најавен за дел од улицата „ЈНА“ во Гостивар, во областа на излезот кај колеџот.

Во Маврово, од 10:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од селото по гробиштата.

Прекините се планирани поради работи и интервенции на електродистрибутивната мрежа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img