домаРегионСнајперските тимови на САЕ „Тигар“ со значаен успех на меѓународен натпревар во...

Снајперските тимови на САЕ „Тигар“ со значаен успех на меѓународен натпревар во Турција

- Advertisement -spot_img

Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при МВР остварија значаен успех на престижниот меѓународен натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, кој се одржа во Република Турција.

Во силна меѓународна конкуренција, со учество на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија високото деветто место, потврдувајќи ја својата подготвеност, професионалност и способност за рамноправно натпреварување со елитни тимови од повеќе земји. Првите седум места им припаднаа на тимови од Турција, додека осмото место го освои тим од Азербејџан.

Особено впечатлив резултат македонските специјалци постигнаа во дисциплината пиштолско гаѓање, освојувајќи вкупно 2.098 поени, значително над просекот на натпреварувањето, кој изнесуваше 1.173 поени.

Покрај постигнатите натпреварувачки резултати, македонскиот тим доби и признание за професионалниот однос и спортскиот дух, со изборот меѓу трите најдобри тимови во категоријата „фер-плеј“.

Со покажаните вештини, високото ниво на подготвеност, професионалноста и коректниот однос кон останатите учесници, припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ достојно ја претставија државата на меѓународната сцена, уште еднаш потврдувајќи ги своите професионални капацитети.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img