домаМакедонијаУапсен турски државјанин, криумчар на мигранти: Во возило превезувал шест лица од...

Уапсен турски државјанин, криумчар на мигранти: Во возило превезувал шест лица од Египет и Алжир

- Advertisement -spot_img

Шест мигранти биле пронајдени во автомобил синоќа на автопатот Скопје – Куманово, а возачот бил лишен од слобода, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

– Околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К., на возраст од 33 години од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица, мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир, се вели во соопштението од МВР.

Претходно, на наплатната станица „Романовце“, О.К. тој не застанал на даден знак од полициските службеници. Но, по преземени мерки, возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img