Бугарската претседателка Илијана Јотова во Благоевград изјави дека Бугарија останува отворена за дијалог со Република Северна Македонија. Но, разговорите мора да бидат без ултиматуми и без отстапување од европската политика.
Таа нагласи дека Бугарија е полноправна членка на Европската Унија (ЕУ). Според неа, земја која се впуштила во членство не може да не ги прифати вредностите на Унијата. Јотова разговараше со новинарите за време на прославата на 114-годишнината од ослободувањето на Горна Џумаја.
Таа рече дека не ги знае деталите од разговорот меѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Јотова изрази надеж дека овој пат претседателката на ЕК ќе биде „исклучително цврста“. Според неа, извештај од Европската комисија се очекува во рок од две недели. Во него ќе се процени напредокот на РСМ на патот кон пристапување.
Јотова рече дека за разговорот да биде сериозен, Мицкоски мора внимателно да ја прочита европската политика за проширување. Според неа, Скопје мора да престане да ја претставува темата како билатерално прашање.
Македонските власти бараат средба со бугарските и можно е идната недела министерот за надворешна политика и трговија, Тимчо Муцунски да оди во посета на Бугарија.
Инаку, Бугарија бара од Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот за да може да почне преговори со ЕУ.






