домаМакедонија„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и...

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

- Advertisement -spot_img

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм.

Во такви страшни услови, децении живееле пациенти, со што еден од коментарите беше, „тука и животни не смееш да оставиш“. Живееле во распаднати соби, со скршени столчиња, пропаднати подови, трпезарија без основни услови за живот, поточно немале ни вода за пиење.

Во моментов, машкиот оддел се реновира, но повеќето од работите се набавуваат врз основа на донации, со оглед на тоа што никој од власта не се занимава со болницата што го достигнала дното, а и хоспитализираните пациенти во неа.

Љубезниот персонал, кој може да се изброи на прсти, не криеше да ги сподели со нас информациите дека нема кој да работи, дека се оставени сами на себе и дека на сите нив животот им е во опасност.

Преморени, растрчани на сите страни, се трудат со добро да ги фатат пациентите за да нема дополнителни проблеми.

–Нашиот живот тука е во опасност во секое време. Ни недостига кадар, немаме доктори, медицински сестри, болничари. Со секој пациент мора да имаш посебен однос, да ги фатиш со добро, бидејќи на друг начин не може. Ние сме малку, како да постигнеме сè. На една смена има двајца доктори и една сестра на 35 пациенти, објаснуваат дел од вработените со кои поразговаравме.

Тоа што нè шокираше во целата приказна е дека самата Психијатриска болница располага само со девет психијатри, и тоа на околу 300 пациенти. Досега биле поднесени повеќе од осум барања за вработувања на нов кадар, но надлежните институции ги игнорираат.

–Оставени сме сами да се снаоѓаме. Жално и за пациентите и за нас, коментираат низ муабет дел од вработените.

Инаку, од 1 мај, годинава не се примаат нови пациенти, со оглед на тоа што, и покрај толку психијатриски одделенија низ државава сите завршуваат кај нив.

Со една реченица, со влегувањето во Психијатриската болница во Бардовци имавме можност да ја видиме вистинската, реална и тажна слика за Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img