домаРегионТРАГИЧЕН КРАЈ НА ЛЕТОТ: Маж и жена загинаа откако авионот исчезна од...

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ЛЕТОТ: Маж и жена загинаа откако авионот исчезна од радарот – еве каде последно е лоциран!

- Advertisement -spot_img

Маж и жена од Германија загинале во авионската несреќа што се случи на планината Велебит во Хрватска, во близина на Задар, соопшти хрватската Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, морскиот и железничкиот транспорт.

Несреќата се случила завчера околу 16 часот. Станува збор за авион од типот „Diamond HK-36TC-100 Super Dimona“, кој, според хрватските медиуми, го управувале германски државјани на возраст од околу 80 години.

Тие полетале од аеродромот во Оломоуц, Чешка, и летале кон Задар.

По пријавувањето на несреќата, истражители на Агенцијата излегле на местото и започнале увид. Во согласност со регулативите на Европската Унија, е отворена безбедносна истрага за причините и околностите на падот.

Засега нема официјален заклучок за тоа што ја предизвикало несреќата. Резултатите ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата, во конечен извештај на надлежната агенција.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img