9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТоневски: Стабилно мнозинство во советот за нова ера во Пробиштип

Тоневски: Стабилно мнозинство во советот за нова ера во Пробиштип

- Advertisement -spot_img

Во Советот на Општина Пробиштип е официјализирано новото мнозинство составено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и од Движењето ЗНАМ, со што е поставена основата за стабилно и одговорно функционирање на локалната власт.

Кандидатот за градоначалник Тони Тоневски изјави дека ова мнозинство претставува повеќе од политичка соработка – тоа е, како што нагласи, „заедничка волја за работа, чесност и посветеност кон развојот на општината“.

„Подаваме рака кон сите советници кои искрено се залагаат за доброто на Пробиштип. Време е Советот да работи за граѓаните, а не за лични или партиски интереси“, порача Тоневски.

Тој најави дека новиот Совет ќе биде насочен кон квалитетни дебати, аргументирани критики и нови идеи што ќе придонесат за реален развој на секој дел од општината.

„Пробиштип заслужува повеќе – и конечно ќе го добие тоа“, порача Тоневски, додавајќи дека новото мнозинство е прв чекор кон „тим што носи резултати, а не празни ветувања“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img