домаМакедонијаТоневски со празнична порака од Костомар: Да ги чуваме верата и духовните...

Тоневски со празнична порака од Костомар: Да ги чуваме верата и духовните вредности

- Advertisement -spot_img

По повод големиот христијански празник Духовден – Света Троица, Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денеска го посети манастирот во селото Костомар, каде заедно со бројни верници присуствуваше на светата богослужба и учествуваше во одбележувањето на празникот.

Преку објава на социјалните мрежи, Тоневски порача дека Духовден е празник кој ги потсетува верниците на важноста на духовните вредности, заедништвото и почитувањето на традицијата.

„По повод големиот христијански празник Духовден, денес го посетив манастирот во Костомар, каде заедно со верниците присуствував на светата богослужба и ја споделивме празничната радост“, напиша Тоневски.

Тој упати и празнична порака до сите граѓани, посакувајќи мир, здравје, љубов и благосостојба во секој дом.

„Нека празникот на Светиот Дух донесе мир, здравје, љубов и благосостојба во секој дом. Да ги чуваме верата и традицијата како темели на нашето општество“, порача Тоневски.

На крајот од својата објава, тој на сите православни верници им го честиташе празникот со традиционалната порака: „За многу години празникот!“.

Духовден, познат и како Света Троица или Педесетница, е еден од најзначајните празници во православниот календар и се одбележува 50 дена по Велигден, во спомен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и основањето на христијанската црква.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img