9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТоневски со план за подобар туризам во Пробиштип: Најавена нова сообраќајна врска...

Тоневски со план за подобар туризам во Пробиштип: Најавена нова сообраќајна врска до Пониква

- Advertisement -spot_img

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип, најави нови инфраструктурни и образовни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината.

Еден од клучните проекти е изградбата на нов пат кон зимскиот туристички центар Пониква, што ќе овозможи полесен и побрз пристап, без потреба од кружење и поминување низ соседните општини. Со намалено растојание, се очекува зголемена посетеност и развој на регионот.

Покрај патната инфраструктура, Тоневски најави и ново детско одмаралиште за учениците, кое ќе овозможи нови дружби и незаборавни моменти за младите.

„Пробиштип се сака со проекти, со дела! Со овие иницијативи градиме современа и функционална општина за сите граѓани“, истакна Тоневски.

Кандидатот ги повика граѓаните да го поддржат со број 9 на изборите, за, како што рече, „тебе, твоето место и твојата иднина“.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img