15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТоневски од Злетово: Доаѓа време за промени и нов развој на општината

Тоневски од Злетово: Доаѓа време за промени и нов развој на општината

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, денес оствари средба со жителите на Злетово, каде што, како што истакна, јасно се почувствувал гласот на народот – гласот на луѓе кои сакаат промени, веруваат во подобра иднина и бараат конкретни решенија за секојдневните проблеми.

„Злетово заслужува повеќе и тоа ќе го добие“, порача Тоневски, претставувајќи низа проекти што ќе значат целосно унапредување на животот во ова населено место.

Конкретни проекти за подобар живот

Во својата објава на социјалните мрежи, Тоневски најави неколку приоритетни инвестиции за Злетово:

  • изградба на покриен пазар за подобри услови на локалните трговци и земјоделци;
  • уреден речен кеј и подобрување на јавниот простор;
  • целосна обнова на фудбалското игралиште, како дел од спортската инфраструктура;
  • уредување на локалитетот „Пешка“ како ново место за одмор и рекреација;
  • новоизградена капела и реновиран Дом на културата;
  • нови улици и тротоари;
  • трајно решавање на проблемот со канализацијата и колекторскиот систем.

Тоневски порача дека сите овие проекти ќе бидат реализирани во партнерство со жителите, нагласувајќи дека времето за промени во Пробиштип и Злетово конечно доаѓа.

„Сето тоа – и уште многу повеќе – ќе го направиме заедно со вас. За тебе, за твоето место, за твојата иднина,“ истакна кандидатот, додавајќи дека секоја населба во општината ќе добие рамномерен развој и достоинствени услови за живот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img