Околу 17:30 часот, од подрачје на Шар Планина до Тетово со хеликоптер беше пренесено безживотно тело, најдено на над 2.500 метри надморска височина.
Од СВР Тетово потврдуваат дека е најдено безживотно тело на Шар Планина, по пријава на граѓани околу 14:30 часот, а повеќе детали најавуваат за утре.
Според неофицијални информации на „Тетово инфо“, станува збор за планинар на околу 70 години од тетовско Џепчиште.






