42-годишна штипјанка уапсена во Тетово под сомнение дека украла пари од паричник на 64-годишен тетовец.
Како што информираат од МВР, вчера во 15 часот во населбата Поток во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Н.М. (42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Според пријавеното, Н.М. се сомничи дека на 14 септември му одзела пари од паричникот на Н.Х. (64) од Тетово.
Кражбата, според МВР, се случила на неговото работно место, на паркинг-простор во Тетово.
Жената била задржана во полициска станица и по целосното документирање на случајот, против неа ќе следува соодветен поднесок.






