домаМакедонијаТестот ПИСА ни ги покажа слабостите – зошто учениците сè уште немаат...

Тестот ПИСА ни ги покажа слабостите – зошто учениците сè уште немаат функционална писменост

- Advertisement -spot_img

Резултатите од ПИСА 2025, објавени во текот на вчерашниот ден, покажуваат дека учениците од Северна Македонија се далеку под просекот на земјите на ОЕЦД. Во математиката, просекот на ОЕЦД е околу 472 поени, додека нашите ученици освоиле 379 поени. Во природните науки просекот изнесува 482 поени, додека учениците од Северна Македонија освоиле 377 поени. Загрижувачки е и тоа што и во читањето резултатите се многу слаби – учениците освоиле само 354 поени. За жал, образованието, заедно со здравството, се меѓу најслабите сектори во земјата, пишува „Zhurnal.mk“.

Околу 7.000 ученици тестирани, резултатите многу слаби

Петнаесетгодишните ученици од Северна Македонија и понатаму се значително под просекот на земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во последниот циклус на меѓународното тестирање ПИСА.

Резултатите од ПИСА 2025, објавени денеска, покажуваат дека учениците од Северна Македонија освоиле 379 поени по математика, 354 поени во разбирањето на прочитаното и 377 поени по природни науки. Во математиката, просекот на ОЕЦД е околу 472 поени, додека во природните науки просекот изнесува 482 поени.

Тестирањето ПИСА ги оценува знаењата и вештините на 15-годишниците во примената на знаењето во реални животни ситуации. Во циклусот од 2025 година, главниот фокус беше ставен на природните науки, покрај математиката, разбирањето на прочитаното и решавањето проблеми во дигитална средина.

Според Министерството, истражувањето било спроведено во повеќе од 125 училишта, а во неговата реализација биле опфатени околу 7.500 ученици.

Во споредба со претходното мерење во 2022 година, резултатите на учениците од Северна Македонија во 2025 година се пониски во сите три области.

Во математиката, резултатот е намален од 389 на 379 поени, односно за 10 поени. Во разбирањето на прочитаното има пад од 359 на 354 поени, додека во природните науки резултатот е намален од 380 на 377 поени.

За споредба, ПИСА 2022 веќе покажа значително влошување во однос на 2018 година. Тогаш учениците од Северна Македонија имале 394 поени по математика, 393 поени во читање и 413 поени во природните науки.

Според ОЕЦД, резултатите во 2022 година биле пониски од оние во 2018 година во сите три области.

Само околу една третина од учениците го достигнуваат основното, второ ниво на математичка писменост, додека во земјите на ОЕЦД тоа го постигнуваат околу две третини од учениците.

Во разбирањето на прочитаното резултатот изнесува 354 поени. Тоа значи дека голем дел од 15-годишниците имаат сериозни тешкотии со задачите кои бараат разбирање, поврзување и проценка на информации од текстови, пишува „Zhurnal.mk“.

Учениците немаат функционална писменост

Во претходниот циклус, ПИСА 2022, Северна Македонија имала резултат од 359 поени во читањето, што значи дека новиот резултат претставува пад од пет поени. Во 2022 година, земјата беше рангирана на 71. место од вкупно 81 учесник.

Во природните науки, учениците освоиле 377 поени, во споредба со просекот од околу 482 поени во земјите на ОЕЦД.

На ПИСА 2022, резултатот на Северна Македонија во оваа област изнесувал 380 поени, што покажува дека ниту тука нема значително подобрување.

Еден од најважните показатели на ПИСА е процентот на ученици кои достигнуваат најмалку основно, второ ниво на знаење.

Според објавените податоци, во Северна Македонија само околу 26 проценти од учениците го достигнуваат основното ниво во читање, додека просекот во земјите на ОЕЦД е околу 69 проценти.

Во математиката, околу 32 проценти го достигнуваат основното ниво, во споредба со околу 65 проценти во земјите на ОЕЦД, пишува „Zhurnal.mk“.

Северна Македонија останува само пред Косово

ПИСА 2025 покажува и дека образовниот јаз меѓу учениците од различни социјални и економски средини и понатаму е значителен.

Во регионалната споредба, Северна Македонија заостанува зад Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора во сите три главни области, додека во повеќето категории е пред Косово.

ПИСА 2025 опфати повеќе од 760.000 петнаесетгодишници од 91 земја и економија, а глобалните резултати покажуваат пад на просечните постигнувања во читањето, математиката и природните науки.

Податоците на ОЕЦД покажуваат дека учениците кои посетувале градинка најмалку една година имаат значително подобри резултати на 15-годишна возраст. Северна Македонија има низок процент на опфат со предучилишно образование во споредба со развиените земји.

Потребно е целосно да се спроведе системот на напредување во кариерата и зголемување на платите со цел да се привлечат најдобрите кадри на педагошките факултети.

Наставниците треба посебно да се обучуваат за тоа како да ги учат учениците на читање со разбирање и анализа на податоци, а не само на репродукција на содржините од учебниците.

За да се унапреди и подобри образованието во Северна Македонија по слабите резултати на меѓународните тестирања ПИСА, каде што учениците континуирано заостануваат зад просекот на ОЕЦД во математиката, читањето и природните науки, земјата има потреба од длабоки структурни реформи.

Резултатите покажуваат дека образовниот систем повеќе не треба да се темели на учење напамет, туку на развивање критичко размислување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img