Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда додека извршувал работни задачи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Итната медицинска помош бил донесен С.Т. (65) од Куманово со сериозни повреди.
Како што било пријавено, работникот се повредил при пад од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, додека бил ангажиран на работни активности.
Поради тежината на повредите, тој бил транспортиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде продолжува неговото лекување.
Надлежните институции преземаат активности за утврдување на сите околности под кои се случил несреќниот настан.






