домаРегионАдвокатот на Србинот кој за малку ќе излеташе од авион: Ќе добие...

Адвокатот на Србинот кој за малку ќе излеташе од авион: Ќе добие огромна отштета

- Advertisement -spot_img

Адвокатот на српскиот бизнисмен Љубиша Каровиќ, Василис Цијарас, изјави дека очекува неговиот клиент да добие висока отштета по драматичниот инцидент што се случи на 10 јули, кога за малку ќе излеташе низ скршениот прозорец на авион на лет од Солун кон Меминген.

Инцидентот се случил непосредно по полетувањето, кога дел од моторот се одвоил и го скршил прозорецот на авионот. Поради наглото губење на притисокот во кабината, авионот бил принуден итно да слета. Според извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, првичната истрага покажува дека оштетувањето на моторот било предизвикано од надворешен предмет, а не од технички дефект или недоволно одржување на леталото.

Адвокатот Цијарас тврди дека животот на неговиот клиент бил во непосредна опасност. Според него, Каровиќ се здобил со повреди по целото тело и во моментов носи медицинска крагна, која ќе мора да ја користи најмалку шест недели, по што лекарите ќе проценат дали ќе биде потребен оперативен зафат.

„Животот на мојот клиент беше сериозно загрозен. Да не беше врзан со сигурносниот појас, денес немаше да биде жив. Половина од неговото тело – градите, главата и рацете – две до три минути беше надвор од авионот“, изјави Цијарас.

Иако од „Рајанер“ претходно соопштија дека патникот не висел надвор од авионот, адвокатот вели дека сведочењето на жената која седела до Каровиќ го потврдува спротивното. Според нејзината изјава, силниот воздушен притисок го влечел кон надвор, додека останатите патници со големи напори се обидувале да го повлечат назад во кабината. По спасувањето, Каровиќ неколкупати ја губел свеста, а имал и сериозни повреди на главата.

– Advertisements –
Точниот износ на отштетата сè уште не е познат, бидејќи се чекаат конечните резултати од техничката истрага. Во наредните денови во Грција се очекува да пристигнат експерти од САД, Европската Унија и од француската компанија што ги произведува моторите, кои ќе извршат детална анализа на леталото.

Во меѓувреме, Обвинителството во Солун веќе води кривична истрага и најавува дека ќе бидат покренати обвиненија против сите лица кај кои ќе се утврди евентуална одговорност за инцидентот.

Според адвокатот, постапката за надомест на штета најверојатно ќе се води во Грција, бидејќи авионот во моментот на несреќата се наоѓал во грчкиот воздушен простор. Сепак, тој додава дека не е исклучена можноста инцидентот да се случил над територијата на Северна Македонија, што дополнително ќе треба да се утврди во текот на истрагата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img