домаМакедонијаАлармот е вклучен и за Валандово: Водата да се користи само за...

Алармот е вклучен и за Валандово: Водата да се користи само за технички потреби, утврдено е зголемено присуство на арсен

- Advertisement -spot_img

Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово.

Според информацијата објавена на социјалните медиуми од страна на јавното претпријатие, присуството на арсен во водата за пиење е утврдено во добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје.

Општинското претпријатие објавува дека водата може да се користи само за технички потреби, додека дополнителни анализи и контроли веќе се спроведуваат во соработка со надлежните институции.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат официјалните препораки и да почекаат на следното соопштение пред водата повторно да биде прогласена за безбедна за консумирање.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img