домаМакедонијаМитева најави телефонска линија за бесплатна правна помош на жртвите на семејно...

Митева најави телефонска линија за бесплатна правна помош на жртвите на семејно насилство

- Advertisement -spot_img

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во претстојниот период ќе воспостави телефонска линија преку која жртвите на семејно насилство ќе можат да добијат бесплатна правна помош и советување. Ова го најави претседателката на Унијата на жени и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната панел-дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“.

Митева посочи дека преку соработка со правната комисија на партијата, на жртвите ќе им бидат достапни бесплатни правни консултации, информации за нивните законски права и стручна помош при постапувањето пред надлежните институции.

„Унијата на жени во следниот период ќе објави телефонски број, телефонска линија за пријавување на насилство, се со цел да се обезбеди бесплатно правно советување, правни совети и правна помош за жртвите од семејно насилство“, изјави Митева, заблагодарувајќи му се на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за поддршката.

Таа нагласи дека целта е да им се помогне на лицата кои се соочуваат со насилство, особено во моментите кога не ги познаваат законските процедури, не знаат каде да се обратат или стравуваат за сопствената безбедност и безбедноста на своите деца.

Осврнувајќи се на предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Митева оцени дека тие претставуваат значаен чекор кон поефикасен институционален систем, во кој жртвата ќе биде во центарот на заштитата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img