Актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), најверојатно ќе биде следната дестинација на централниот дефанзивец од редовите на Манчестер Сити, Џон Стоунс. Репрезентативецот на Англија има договор со „граѓаните“ до крајот на актуелната сезона, а тоа значи дека баварскиот клуб може да ги осигура неговите услуги без никакво обештетување.








