Апликацијата ,,Мој ДДВ” е повторно во функција, откако привремено беше недостапна во период од околу два часа поради технички проблеми.
„Ве известуваме дека техничкиот проблем со услугата „Мој ДДВ“ е надминат и услугата повторно е во функција.
Ви благодариме за трпението и разбирањето“, информираа од УЈП во објава на социјалните мрежи.






