домаМакедонија„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

- Advertisement -spot_img

Граѓанската иницијатива и советничката група „Шанса за Центар“ покренаа петиција за повлекување на Нацрт-деталниот урбанистички план за локалитетот Барутана на Водно, со барање да се преиспитаат предвидените нови градби во овој дел од планината.

Од иницијативата предупредуваат дека планираната изградба на десетици објекти на стрмниот и пошумен дел на Водно може да има негативно влијание врз природната средина, но и врз безбедноста и квалитетот на животот на жителите на Центар.

Според нив, шумата на Водно има важна улога во заштитата на Скопје од поројни поплави, ерозија и лизгање на земјиштето.

„Стоп за бетонизација на Водно и сеча на шумата што го штити Скопје“, порачаа од „Шанса за Центар“.

Тие бараат Општина Центар да го повлече Нацрт-ДУП-от за Барутана, планот да биде преработен, а предвидените нови градби кои зафаќаат пошумени предели да бидат запрени.

Од иницијативата предупредуваат и дека дел од планираните градби би ги пресекле постојните планинарски патеки на Водно.

Граѓаните се повикуваат да ја потпишат и споделат петицијата со која, како што велат иницијаторите, сакаат да извршат притисок врз локалната власт за заштита на пошумените делови на Водно.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img