домаМакедонијаСтоилковиќ се обрати на 7. состанок на локалните лидери на Кина и...

Стоилковиќ се обрати на 7. состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа

- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, престојуваше во работна посета на Народна Република Кина, каде заде учество на 7. состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и на Неделата на меѓународната соработка и размена на Шандонг и пријателските градови за 2026 година, што се одржа во Ѕинан, провинцијата Шандонг.

На настанот, кој се одржа под мотото „Заедно ја обликуваме иднината“, учествуваа високи претставници од Кина и земјите од Централна и Источна Европа, а се одржаа и повеќе сесии посветени на економската, трговската и регионалната соработка.

За време на посетата, вицепремиерот Стоилковиќ оствари и повеќе средби и активности насочени кон унапредување на економската и институционалната соработка, продлабочување на партнерските односи и отворање нови можности за инвестиции и поврзување меѓу регионите и градовите.

„Дозволете ми најнапред да изразам искрена благодарност за поканата и топлото добредојде во прекрасниот Ѕинан, во провинцијата Шандонг – место со длабока историја, култура и цивилизациска мудрост.

Особена чест е што денес сме дел од 7. состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, под мотото „Заедно ја обликуваме иднината“. Токму оваа порака ја отсликува суштината на современото време, време во кое партнерствата, меѓусебната доверба и економската поврзаност се клучни за стабилен и одржлив развој.

Како што рекол Конфучиј: „Оној што сака да обезбеди добро за другите, веќе го обезбедил и за себе.“

Оваа мисла денес има особено значење. Во свет кој се соочува со бројни економски и глобални предизвици, соработката не е избор – таа е неопходност. А токму платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа претставува пример како преку дијалог, почит и заедничка визија може да се создаваат нови можности за сите.

РС Македонија ја гледа Народна Република Кина како значаен економски партнер и пријателска земја со која постои простор за понатамошно продлабочување на соработката, особено во областите на инфраструктурата, инвестициите, технологијата, туризмот, образованието, културната размена, земјоделството…

Веруваме дека периодот пред нас треба да биде период на поинтензивна економска комуникација, посилно поврзување на регионите, градовите и компаниите, како и отворање нови можности за странски инвестиции и заеднички проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за нашите граѓани.

Нашата земја е подготвена активно да придонесува во унапредувањето на соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, преку градење партнерства засновани на заемна почит, разбирање и долгорочна визија.

Убеден сум дека токму локалната и регионалната соработка може да биде двигател на нов развоен циклус – затоа што најсилните врски секогаш започнуваат меѓу луѓето, градовите и заедниците.

Денес повеќе од кога било е потребно да градиме цврсти мостови на пријателство, доверба и економска соработка. Веруваме дека е време овие односи дополнително да се зацврстат и да прераснат во едно вистинско челично пријателство меѓу нашите народи и држави – пријателство засновано на заемна почит, стабилност и заеднички развој. Во тој дух, дозволете ми да кажам дека веруваме во стабилно и искрено партнерство со Кина, партнерство кое ќе продолжи да се развива во духот на заедничкиот напредок и меѓусебното почитување.

Нека оваа средба биде уште еден чекор кон нови иницијативи, нови инвестиции и уште посилни врски меѓу нашите народи“, порача во своето обраќање потпретседателот и министер Стоилковиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img