домаМакедонијаСредби со членството во Кеј Вардар и Циглана: Андоновски ја продолжува комуникацијата...

Средби со членството во Кеј Вардар и Циглана: Андоновски ја продолжува комуникацијата на терен

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Мартин Андоновски, продолжува со интензивните средби со членството во рамки на теренските активности на партијата.

Во изминатиот период тој оствари средби со членовите на МК Кеј Вардар и МК Циглана, каде што се разговараше за актуелните предизвици, потребите на граѓаните и идните активности на партиската организација.

„Продолжуваме со интензивни средби и разговори со нашето членство“, порача Андоновски, нагласувајќи дека директната комуникација со членовите е клучна за зајакнување на организацијата и креирање политики кои одговараат на потребите на граѓаните.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар истакнуваат дека единството, посветеноста и заедничката работа остануваат основа за понатамошниот развој на општината.

„Заедно, обединети и посветени работиме за Гостивар и за сите гостиварчани“, е пораката испратена од средбите со членството.

Активностите на терен ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на непосреден контакт со членовите и граѓаните и креирање решенија во интерес на локалната заедница.

https://www.facebook.com/share/p/1EUidwe6dE/

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img