Некогашните светски и европски прваци, Франција и Италија, ремизираа со резултат 1:1 на дуел одигран во Париз во рамките од Лига на нации.
Со ова реми, Франција стигна до седум бодови по три кола, додека Аѕурите имаат четири бодови и се трети во групата во која Белгија е со шест бодови, а Турција е последна без бодови.
Во Б сегментот од Лига на нации, Босна и Херцеговина во Зеница одигра 1:1 против Шведска.
Ова беше последен меч за Един Џеко во репрезентативниот дрес на БиХ.
Унгарија со 1:0 ја победи Грузија, додека Полска славеше против Романија со убедливи 6:0.
Северна Ирска со 3:0 славеше на гости кај Украина.
Во Ц сегментот од Лига на нации, постигнати беа овие резултати: Казахстан – Молдавија 1:2, Кипар – Ерменија 2:0, Летонија – Црна Гора 1:2 и Фарски Острови – Словачка 1:1.






