Во рамките на дводневна размена на искуства во Европскиот парламент во Брисел за демократски надзор, транспарентност, и отчетност, генералниот секретар на Собранието Марина Димовска оствари средба со генералниот секретар на Европскипот парламент Алесандро Кјокети.
На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Димовска изразила благодарност до Европскиот парламент за цврстата поддршка и јасниот, принципиелен став во корист на проширувањето на Европската Унија, како стратешка инвестиција во мирот, стабилноста, демократијата и просперитетот низ цела Европа. Нагласувајќи дека ревидираната методологија за проширување на ЕУ за прв пат ги вклучува и националните парламенти, ја потенцирала нивната клучна улога во процесите на демократизација.
Генералниот секретар Кјокети, посочил дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан и додал дека секоја држава треба да се оценува според сопствените заслуги, а од име на службата на Европскиот парламент изразил поддршка за пристапувањето на државата и подготвеност да пружи подршка и помош во однос на сите неопходни реформи.
Двајцата соговорници размениле мислења и за етичките кодекси во двата законодавни дома, постоечкиот во Европскиот парламент и оној кој треба да се донесе во македонското Собрание.
Тие, како што е наведува во оопштението, се согласиле дека зајакнувањето на парламентарните капацитети станаа важен дел од сите фази на пристапниот процес, каде целта е градење посилни, поодговорни и транспарентни демократски институции, со посебен фокус на зголемување на ефективноста, отчетноста и транспарентноста на парламентите.
Димовска на средбата посочила дека Европскиот парламент го сметаме за наш природен партнер и му упатила покана на Кјокети да го посети Собранието, која тој со задоволство ја прифатил.






