домаСветБраќата инфлуенсери Тејт уапсени во САД, Британија ги бара за силување и...

Браќата инфлуенсери Тејт уапсени во САД, Британија ги бара за силување и трговија со луѓе

- Advertisement -spot_img

Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба.

Ендру и Тристан Тејт се уапсени во Мајами по барање на британските власти, кои ја започнуваат постапката за нивна екстрадиција во Велика Британија. Апсењето го извршила Службата на американските маршали на 18 јули, врз основа на запечатен налог поврзан со обвиненија за силување и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Британските власти ги обвинија браќата за злоупотреба на жени во источна Англија, во регионот северно од Лондон, помеѓу 2010 и 2017 година.

Ендрју Тејт, самопрогласен мизогинист чии објави на интернет се прегледани милијарди пати, се соочува со 42 обвиненија. Тој е обвинет за силување, трговија со луѓе, поседување експлицитни фотографии од деца, и физички напад, соопштија обвинителството и полицијата во Бедфордшир. Неговиот брат Тристан се соочува со 17 обвиненија, вклучувајќи сексуален напад, силување и трговија со луѓе.

Романските власти ги уапсија во декември 2022 година, под сомнение дека организирале криминална група која намамувала жени и ги принудувала да произведуваат сексуална содржина. Тие поминаа околу три месеци во притвор, по што беа префрлени во домашен притвор, а подоцна беа ставени под судска контрола.

Во февруари лани, обвинителството неочекувано им ја укина забраната за напуштање на земјата, по што со приватен авион заминаа во САД.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img