домаМакедонијаРеконструкцијата на студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид на "стенд бај"

Реконструкцијата на студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид на “стенд бај”

- Advertisement -spot_img

Иако надлежните најавуваа дека градежните активности за целосна реконструкција на студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид ќе започнат уште во јули, на терен сликата е непроменета.

Веќе влегуваме во ноември, се градежни зафати нема .​Додека објектот стои празен и го чека почетокот на најавените активности, студентите се привремено сместени во детското одморалиште на МВР во населбата Свети Стефан. Но, ова привремено решение со себе донесе нови секојдневни проблеми и непредвидени удари по нивниот студентски џеб.

Секое утро и попладне, младите се принудени да користат комбиња или личен превоз за да стигнат до факултетите во центарот на Охрид и назад. Она што дополнително го отежнува нивниот стандард е тоа што сите трошоци за организираниот или приватниот превоз ги плаќаат самите. Според нивните сознанија, главната причина за доцнењето на градежните работи е тоа што сѐ уште се бара соодветен простор за да се премести постојниот инвентар од домот.

,,Имаме сместување и храна таму но сме оддалечени на 5,6 км од градот.Приморани сме сами да си плаќаме превоз,да бркаме комбиња за да одиме на факултет.Постојано прашуваме до кај е реконструкцијата но никој ништо не кажува конкретно.Последно ми рекоа дека се уште бараат магацин за да го пренесат инвентарот од таму и на тоа остана – ​вели претставник на студентите од домот.

​Директорката на студентскиот дом, Милена Стојановска, во изјава за ТВ 24 вели дека ситуацијата е исклучително комплицирана поради натрупани финансиски и кадровски проблеми. Во меѓувреме, како последица на кризата, доцнат и платите на вработените во установата.

​„Како нов директор на домот се соочувам со големи проблеми од финансиска, кадровска и секаква друга природа. За состојбата што ја затекнав веднаш ги известив надлежните и остварив средба со министерката за образование со цел нејзино надминување.Во моментов се наоѓаме во специфична ситуација поради фазата на реновирање и привременото сместување во објектот на МВР. Проблемите се големи, а во тек е и постапка за измена на законот за да се спаси домот на секој можен начин.​Јас како директор, заедно со вработените, правам сѐ што е во наша моќ, но се наоѓаме во исклучително тешка финансиска и кадровска состојба. Очекуваме помош од МОН и Владата, која веќе ни е и најавена.“​-вели директорка Милена Стојановска.

​За текот на целата постапка и за тоа кога конечно ќе започне реновирањето, се очекува официјален одговор и од Министерството за образование и наука.​Инаку, ова не е прв предизвик за студентите од „Никола Карев“. Пред нивното преселување, домот се соочуваше и со повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради неплатени сметки, што дополнително ја нагласи потребата од темелно обновување и системско решавање на управувањето со објектот.​

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img