домаМакедонијаЌерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи...

Ќерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

- Advertisement -spot_img

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството.

На видеото се гледа и нашето мало куче Shih Tzu кое е усмртено од шарпланинец преку 50 килограми тежок кој влезе во нашиот апартман, го распарчи нашето куче пред наши очи додека не постоеше начин да го одбраниме и да му помогнеме бидејќи станува збор за крволочно куче кое подоцна не нападна и нас и мојот малолетен брат. Шарпланинецот е удрен за да го оттргне од мене и од моето куче кое почина – вели ќерката во разговор за Сител.

Таа додава и дека шарпалнинецот имал сопственик, кој по настанот со толпа негови пријатели им се заканувал пред апартманот.. Тврди дека прегазувањето било обид жената да ги одбрани децата и своето милениче.

Обвинителството во Улцињ попладнево соопшти дека на жената ѝ е одредено 72-часовно задржување и дека е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img