Марио Фалкони, поранешната ѕвезда на реалното шоу „The Only Way Is Essex“ и некогашен заводник кој наводно спиел со повеќе од 500 жени, решил да го остави својот „младешки“ живот во минатото.
Тој основал семејство и се посветил на други животни вредности. Се оженил со својата девојка Беки во 2022 година и заедно имаат две деца – ќерка и син.
Иако „лудиот живот“ е зад него, Марио тврди дека нема намера да се откаже. Како што вели, сака да биде „најзгодниот татко во училиште“ и има план за оваа животна цел. Се чини дека козметичките корекции и пластичните операции ќе му помогнат.

Во 2024 година, тој се подложил на блефаропластика, процедура со која се коригира вишокот кожа на горните и долните очни капаци, а не е тајна дека редовно користи естетски корекции кои ја подмладуваат неговата кожа.
И тоа не е сè…
За да го врати волуменот и сјајот на лицето, тој користи филери на база на хијалуронска киселина, како и ботокс. Користи „PDRN“ третман, познат и како сперма од лосос, но и разни хемиски пилинзи кои го стимулираат обновувањето на неговата кожа.
Кој е Марио Фалкони?
Во 2010 година, Марио станал познат со учеството во реалното шоу „The Only Way Is Essex“ кое ги следеше животите на млади, амбициозни и гламурозни жители на Есекс.

Шоуто брзо станало културен феномен во Велика Британија, а благодарение на неговата харизма, бурните љубовни врски и впечатливиот изглед, Марио го добил статусот на еден од најголемите „фраери“ во шоуто.









