15.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСоветот на Европа повикува Бугарија да спроведе пресуди за Македонците

Советот на Европа повикува Бугарија да спроведе пресуди за Македонците

- Advertisement -spot_img

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, но истовремено ги повика властите во Софија да покажат напредок во спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено оние што се однесуваат на одбивањето на регистрација на здруженија на лица кои се изјаснуваат како етнички Македонци.

Во усвоената резолуција се наведува дека и покрај постигнатиот напредок во клучните реформи, остануваат нерешени прашања во судството, борбата против високата корупција и човековите права на малцинствата. ПССЕ ќе продолжи да ја следи ситуацијата преку периодични извештаи.

Резолуцијата посебно истакнува дека над 90 пресуди на Европскиот суд за човекови права против Бугарија сè уште чекаат на извршување, а околу една третина се постари од 10 години. Експлицитно се спомнуваат случаите ОМО „Илинден“ и други предмети поврзани со Македонците.

Бугарија досега не спровела ниту една од вкупно 16 пресуди со кои Стразбур утврди кршење на правото на слободно здружување на Македонците. Од нив, 11 се добиени од ОМО „Илинден“-Пирин, со прва пресуда од 2001 година, додека останатите пет се однесуваат на „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и други тужители.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img