домаМакедонијаСостојбата се следи од час во час - ова е бројот на...

Состојбата се следи од час во час – ова е бројот на затруени за само 24 часа

- Advertisement -spot_img

Бројот на граѓани од Гостивар кои побарале медицинска помош поради симптоми на труење надмина 1.400, откако во последното деноноќие во Општата болница се јавиле уште 220 пациенти.

Директорот на болницата, Емри Бајрами, изјави дека пациентите имале симптоми на повраќање, дијареја, а дел од нив и покачена температура.

„Сите се третирани во дневната болница со инфузиона терапија и засега нема хоспитализирани случаи“, изјави Бајрами за весникот „Вечер“.

Тој посочи дека болницата во моментов има доволно медицински кадар, но дека ќе разговара со Министерството за здравство за можна дополнителна поддршка доколку бројот на пациенти продолжи да се зголемува.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје информира дека резултатите од анализите на водата од градскиот водовод во Гостивар се очекуваат утре.

До добивањето на резултатите останува препораката водата да не се користи за пиење, готвење или друга намена.

Анализите ќе бидат доставени и до Основното јавно обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката.

По наредба на јавен обвинител, локацијата кај Вруток и понатаму е обезбедена, а истрагата продолжува. Во петокот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за забрана на користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img