домаМакедонијаСобранието ќе ја почне 102. седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања

Собранието ќе ја почне 102. седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница, на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања.

На предложениот дневен ред е предлог-одлука за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија – АЛТЕА во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат донесени предлог-законот за младински додаток и измените, дополнувањата на Законот за индустриски зелените зони (двата во второ читање) и за фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2027 – 2031 година.

По скратена постапка се предлага да бидат донесени измени и дополнувањa на Законот за Владата на Република Македонија, на Законот за медијацијата, на Законот за основното образование, на Законот за средното образование, дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите и на Законот за здравственото осигурување, предлог-закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, дополнување на законот за јавните патишта, дополнување на Законот за локалната самоуправа, измени на Законот за ученичкиот стандард, измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард, измени на Законот за основање јавно претпријатие „Македонска радиодифузија“, измени на Законот за внатрешните работи, измени и дополнувања на Законот за внатрешните работи, на Законот за полицијата и на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. По скратена постапка ќе се носи и предлог-закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентарија, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте груп банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх интернатионал (Merrill Lynch International) по договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање капитални расходи и рефинансирање обврски утврдени во буџетот на Република Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img