HomeСпортСледната недела Скопје ќе биде светски училишен ракометен центар

Следната недела Скопје ќе биде светски училишен ракометен центар

- Advertisement -spot_img

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија се одржа официјална прес-конференција по повод Светското превенство во ракомет за ученици – ИФС Скопје кое од 20 до 29 април ќе се одржи во нашиот главен град. Овој голем спортски настан е во огранизација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за Спорт.

На прес-конференцијата беа присутни г. Борко Ристовски, Министер за спорт, г-ѓа Елена Мицковска, Претседателка на Федерација за училишен спорт на Македонија, г-ѓа Индира Кастратовиќ, Национален координатор на репрезентации и Илија Ристески, одговорен за организацискиот дел.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов истакна дека е голема чест даа се биде дел од еден ваков голем настан, на кој ќе учествуваат 23 земји од целиот свет.

„Би сакал да ви се заблагодарам за присуството на оваа прес-конференција по повод Светското првенство кое ќе се одржи од 20 до 29 април во Скопје. Ова е голема чест и за ракометот, за спортот генерално, за училишниот спорт и за младите деца за кои ова е голем предизвик. Вкупно 23 селекциии треба да допатуваат во Скопје, имаме две македонски репрезентации до 18 години во машка и женска конкуренција кои ќе учествуваат на ова Светско првенство“, изјави Александар Стефанов.

Според Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска ова е еден од најзначајните спортски настани за млади кој се одржува кај нас, имајќи во предвид дека ракометот е еден од најпопуларните спортови кај нас.

„Во пресрет сме на долгоочекувано Светско првенство кое ќе се организира во нашиот главен град. Голема благодарност упатувам и до Владата на Република Северна Македонија и до Министерството за спорт за нивната силна поддршка, која е клучна за реализација на настан од ваков обем и значење. ISF Skopje 2026 не е само спортски настан, туку вистинска платформа за поврзување на младите од целиот свет, за градење пријателства и за промоција на вредностите што спортот ги носи – дисциплина, почит и тимска работа. Свеченото отворање ќе се одржи на Плоштад Македонија во Скопје на 21 април, каде јавноста ќе има можност да присуствува на едно навистина впечатливо доживување, дефиле на сите 24 репрезентации кои ќе пристигнат преку Камениот мост, културно-уметничка програма и атмосфера каква што ретко се гледа во нашиот град. Ова ќе биде настан не само за спортистите, туку и за сите граѓани, вистинска можност Скопје да покаже дека е отворен град, добар домаќин и дел од светската спортска сцена. Ги повикувам сите граѓани да дојдат, да бидат дел од ова свечено отворање и заедно да им дадеме поддршка на младите спортисти од целиот свет. Нашата цел е да покажеме дека Македонија има капацитет, организација и срце да биде домаќин на настани од највисоко ниво и сигурна сум дека ќе успееме во тоа.“ – изјави Елена Мицковска, Претседателка на Федерација на училишен спорт на Македонија.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој е главен покровител на Светското првенство во ракомет за ученици, истакна дека ова е потврда дека државата сериозно инвестира во спортот.

„Организацијата на ваков настан е потврда дека државата сериозно инвестира во спортот и младите. Ова е можност да ја промовираме Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски манифестации. Ќе продолжиме да даваме целосна поддршка за вакви иницијативи кои ја градат иднината на нашиот спорт“, изјави Министерот за спорт, Борко Ристовски.

„Како држава и Министерство во соработка со РФМ и федерацијата за училишен спорт, ќе се заложуваме вакви настани да бидат што поприсутни кај нас, ова е и промоција на државата. Сите дечиња кои се на почетокот на кариерата, ќе имаат можност пред поширок аудиториум да се презентираат и тоа е одлично за нив.

Организацијата на ваков настан е потврда дека државата сериозно инвестира во спортот и младите. Ова е можност да ја промовираме Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски манифестации. Ќе продолжиме да даваме целосна поддршка за вакви иницијативи кои ја градат иднината на нашиот спорт.

Честитки до сите, сигурен сум дека спремни ќе го дочекаме овој настан, не оставаме ништо на случајност“, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Легендарната поранешна македонска репрезентативка, Индира Кастратовиќ е шеф на делегацијата на Македонија.

„Голема благодарност што ќе бидам од ваков голем настан, за мене е голема чест, но и голема одговорност за што подобро да претставиме нашата држава. Скопје ќе биде град на спортот, сите деца ќе имааат нови пријателства и ќе добијат големо искуство. Се надевам дека ќе имаме голем успех, дека нашите репрезентации ќе се покажат во добро светло“, изјави Индира Кастратовиќ. 

Свеченото отворање на првенството ќе се одржи на 21 април на Плоштад Македонија во Скопје, со богата културно-уметничка програма и дефиле на сите учесници. Организаторите најавуваат дека настанот ќе понуди врвна спортска атмосфера, а финалните натпревари ќе се одиграат на 28 април.

ISF Skopje 2026 претставува значајна можност за промоција на спортот, младите и Македонија на меѓународната сцена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img