Вчера во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода И.Т.(36) од Скопје.
Од МВР информираа дека 36-годишната И.Т. била уапсена затоа што во угостителски објект во село Зебрњак, кумановско, физички ја нападнала В.Т. (46) од Куманово.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.






