12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ – разговарано за надминување на...

Сиљановска-Давкова се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ – разговарано за надминување на предизвиците со кои се соочуваат земјите на патот кон ЕУ

- Advertisement -spot_img

Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и разбирање и заедничкa стратешка цел за членство во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи, беше заклучокот на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во Цетиње.

Претседателите, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, разговарале за европската перспектива на Западниот Балкан, предизвиците со коишто се соочува секоја од земјите на интегративниот пат, како и за можностите за нивно надминување.

Посочувајќи дека Црна Гора е земја-предводник во преговарачкиот процес со ЕУ, Милатовиќ изразил силна поддршка за секој направен исчекор во македонските интеграции.

Денешното заедничко учество на Балканскиот форум за интеграција 2025, за него е препознавање на европскиот интерес за регионот и одлична можност за споделување на искуствата. Како поборничка на регионалниот пристап во евроинтеграциите преку меѓусебна соработка и поддршка, претседателката ја потенцирала важноста од градење добрососедски односи со отворен и искрен дијалог, со избегнување на ветото.

Сиљановска-Давкова укажала дека сѐ додека од нас се бара исполнување на дополнителни услови, надвор од Копенхагенските критериуми, ќе постои опасност од непочитување на основните вредности и принципи на ЕУ, без коишто таа се сведува на политичка и бирократска машинерија.

На средбата, Сиљановска-Давкова упатила покана за возвратна официјална посета на Милатовиќ на земјава, што тој со задоволство ја прифати.

Двајцата претседатели во Цетиње го посетија Музејот на Крал Никола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img