домаМакедонија38-годишник пронајден мртов со прострелна рана кај скопската обиколница

38-годишник пронајден мртов со прострелна рана кај скопската обиколница

- Advertisement -spot_img

Пронајдено безживотно тело на обиколницата „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци. Станува збор за триесет и осумгодишник од скопско Љубин. Во раните утрински часови, во СВР Скопје бил пријавен случајот.

Од министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно тој го управувал. Итната медицинска помош констатирала смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата.

„На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан.“

Од Институтот за судска медицина за Теевизија 24 велат дека обдукцијата е завршена.

Во моментов официјално не се познати околностите за тоа како 38 годишниот скопјанец се нашол во близина на Смилковци, ниту како дошло до прострелната повреда на ногата и како настапила смртта. Деталите треба да ги дадат надлежните институции.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img